Почвата е голем апсорбер на јаглерод, а нејзиното влијание врз климатските промени се уште не е доволно проучено.
Според резултатите од една нова студја, резервите на јаглерод во почвата може да се контролираат попрецизно, за да се влијае и на нејзиниот состав и на хранливоста. Со утврдувањето на количеството јаглерод диоксид што се испушта од почвата, може да се придонесе кон подобро управување со шумите, што понатаму води кон скротување на климатските промени.
Особено е важно, според студијата, да се утврдат разликите во резервите на јаглерод во почвата меѓу различни региони. Со сегашните методи е многу тешко да се утврди тоа. Но новата студија може да помогне. Неа заеднички ја спроведуваа Институтот за природни ресурси на Финска, Универзитетот за земјоделски науки на Шведска и Институтот за шуми и за шумски производи на Јапонија. Тие ја истражувале почвата во Шведска.