Повеќе од 300 илјади декари шумска површина изгоре во летните пожари во Грција, што беа едни од најголемите во последните години, соопшти грчката филијала на Светскиот фонд за заштита на природата.
Фондот прецизира дека во пожарите изгореле 302 илјади декари шума.
Најголеми штети пожарите предизвикале на островите Хиос, Евбеја и Крит, како и областа Атика, реонот околу Лариса, островот Закинтос, Андрос и Самос.
- За жал и годинава имаше многу пожари поради невнимателност - вели координаторот на Светскиот фонд за заштита на природата за Грција.