mksqen

Волци пуштени во парк го променија комплетниот екосистем

Волци пуштени во парк го променија комплетниот екосистем

Типографија

Уште во 1995 година Американската служба за рибен и животински свет во соработка со канадски биолози, во Националниот парк „Јелоустон“ во САД пуштија на слобода 14 волци, од каде овој вид изумрел уште во далечната 1926 година.

Но, она што се случи во паркот во изминативе 20 години, го воодушеви и научниот свет.

По неколку години, бројот на волците значително се зголеми, но тоа не беше единствена промена што се случила во паркот.

Ефектите беа многу поголеми и од најоптимиситчките очекувања. Со „вселувањето“ на волците во паркот се смени целиот негов екосистем, а промени се регистрирани дури и во реките.

За научниците засега е мистерија како можело да се случи сето тоа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет