Најстарата џиновска панда која живеела во заробеништво, 38-годишната Џија Џија, е еутанизирана во Хонг Конг откако имало брзо влошување на нејзиното здравје во текот на изминатите две недели.
Џија Џија, чие име значи "добро", била подарена во Хонг Конг во 1999 година, заедно со уште една панда.
Во последните неколку недели Џија Џија се помалку конзумирала храна. Таа од над 10 килограми почнала да конзумира помалку од три килограми храна на ден и нејзината просечна тежина паднала од 71kg на околу 67kg.
- Во изминатите неколку дена, таа се повеќе време трошеше на спиење и не покажуваше интерес за храна или течности. Нејзината состојба се влоши ова утро. Џија Џија не беше во можност да оди без потешкотии и го помина денот во лежење - велат од Ocean Park.
Од таму додаваат дека со цел да се спречи страдањето на Џија Џија ветеринарите се согласиле на хумана еутаназија.
Пандите се загрозени, бидејќи повеќето од нивните природни живеалишта се уништени за дрво, земјоделството и градежништвото.
Во истражување на кинеската влада во 2014 година се проценува дека 1.864 панди живеат во дивината.