mksqen

Во поплавите во Виетнам загинаа најмалку 25 луѓе

Во поплавите во Виетнам загинаа најмалку 25 луѓе

Типографија

Најмалку 25 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Виентам.

Според Службата за предупредување од природни катастрофи четири лица се водат како исчезнати. На снимките од воздух се гледа како цели станбени реони се под вода, а 240.000 куќи се разурнати.

  • Водата надојде многу брзо и го однесе оризот, животните, се што имавме - изјави еден жител од најпогодената провинција Куанг Бин.

Според виетнамските државни медиуми за големите штети од поплавите удел има и хидроелектричната централа во провинцијата Ха Тин, која ослободила големо количество вода без предупредување. За случајот е покрената истрага.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет