mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

И „змејови“ ќе прават струја на небото

И „змејови“ ќе прават струја на небото

Типографија

Велика Британија ќе почне со искористување на енергијата од летање летала на 450 метри над земјата.

Тоа е планирано во почетокот на идната година. Системот се состои од два 40 метарски „змејови“ кои се креваат и се спуштаат наизменично, и на тој начин создаваат провев кој ја врти турбината.

Пробниот систем бил направен во Есекс, но сега ќе се прави систем со капацитет од 500 киловати близу до Странраер во Шкотска, во близина на една воена воздухопловна база. Бидејќи „змејовите“ се полесни од класичните турбини ќе можат полесно да се поставуваат подалеку од бреговите и да зафаќаат ветрови на поголеми височини кои што се побрзи и постојани.

Оваа технологија за која компаниите сметаат дека може да донесе револуција во производстсвото на обновлива енергија се тестира и во други држави како Швајцарија и Италија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет