Предлогот да се запре продажбата на нови автомобили со внатрешно согорување од 2030 година доби поддршка од повеќе партии во Германија.
Германските пратеници треба да ги повикуваат своите колеги во Брисел, за да им помогнат на иницијативите за нулта емисија на загадување од возила кои ќе бидат регистрирани од 2030 година.
- Ако договорот од Париз за намалување на емисиите на штетни гасови и намалување на климатските промени се сфаќа сериозно, тогаш треба да се дозволи новите автомобили на патиштата по 2030 година да бидат со мотор со внатрешно согорување - вели пратеникот од Зелената партија, Оливер Кришер.