mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Дури 92 отсто од светското население изложено на загаден воздух

Дури 92 отсто од светското население изложено на загаден воздух

Типографија

Девет од десет жители живеат во свет во кој се изложени на загадување на воздухот што според Светската здравствена организација придонесува за поголем број на удари, срцеви заболувања, рак на белите дробови и други здравствени проблеми.

Околу 92 отсто од луѓето во светот живеат во области каде што нивото на квалитетот на воздухот ги надминува границите на Светската здравствена организација, а Југоисточна Азија, Источниот Медитеран и Западен Пацифик се региони кои се најмногу погодени. Се смета дека секоја четврта смрт во светот е поврзана со загадениот воздух.

По глава на жител најголем дел од овие смртни случаи има во Туркменистан, а потоа следуваат Таџикистан, Узбекистан, Авганистан, Египет и Кина.

Загадувањето на воздухот е причина за смртта на три милиони луѓе годишно, повеќе од маларија или од сида, според податоците на СЗО. Се очекува дека оваа бројка ќе биде двојно поголема како што расте урбаното население и бројот на автомобили.

СЗО, исто така, укажува на некои охрабрувачки податоци за напорите на многу градови за да се намали загадувањето на воздухот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет