Африканските земји се поделени околу прашањето дали треба да се забрани трговијата со слонова коска, иако бројот на слонови на континентот драстично поадна поради криволов.
Намибија, Зимбабве и Јужна Африка разговараа околу правата за продажба на слонова коска, на конвенција посветена на меѓународната трговија со загрозени видови диви животни. Други триесетина земји, пак, се противат на таа иницијатива и бараат меѓународна забрана и уште поостри санкции за ловокрадците. Земјите што се залагаат за трговијата да остане дозволена велат дека бројот на слонови се уште е доволно голем и дека парите што ќе се заработат на овој начин ќе може да се вложат во мерки за заштита на видот.
Кина, која е најголем потрошувач на слонова коска во светот, најави дека ќе го затвори домашниот пазар.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS