mksqen

Десниот брег на Сена во Париз ќе стане пешачка зона

Десниот брег на Сена во Париз ќе стане пешачка зона

Типографија

Властите на францускиот главен град продолжуваат со својата политика на „бркање“ на автомобилите од градот, оставајќи повеќе простор за пешаците и велосипедистите. Така, Советот на градот Париз денеска реши десниот брег на Сена во градот да стане пешачка зона.

Десниот брег на Сена „им беше вратен на парижаните“ уште летово, кога имаа право да се движат пешки или со велосипеди. Одлуката на Гградскиот совет е донесена и покрај противењето на Комисијата која спроведе јавна анализа за одржливоста на проектот. Градоначалничката на Париз, Ан Идалого, одуката за создавање на пешачка зона на десниот брег на Сена ја нарече „историска одлука“.

Нејзиниот помошник за транспорт Кристоф Најдовски, од групата на Зелените, изутринава на „Франс Инфо“ изјави дека ваквата одлука е „далеку од катастрофата, што најавуваат нејзините противници“. Според Најдовски, оваа мерка за претворање на брегот на Сена во пешачка зона има ефекти на краткорочен план, но таа ќе има позотивно влијание на долгорочен план за животната средина и екононската атрактивност на Париз.

Градските власти сметаат дека со намалувањето на местата за автомобили во градот и со развивање на другите алетрантивни средства за превоз ќе се постигне напредок.

  • Пред педесет години кога беа замислени кејовите покрај Сена, автомобилите требаше да минуваат низ центарот на градот. Но, тогаш не се зборуваше за климата. Денес во 21-от век, ја променивме ерата и треба да се соочиме со тоа - вели Кристоф Најдовски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет