Околу 980 милиони литри радиоактивна вода продреле до главниот извор за снабдување со вода за пиење во градот Тампа во американсаката сојузна држава Флорида, јави Би-Би-Си.
Според претставник на локалните власти, до инцидентот дошло поради дефект во една фабрика за фосфати во близината на Тампа, од каде истекла радиоактивната вода.
Утврдено е дека водата содржи фосфогис, нуспродукт што настанува при производството на фосфатни ѓубрива, кој е со ниско ниво на радиоактивност.
Компанијата сопственик на фабриката, „Мозаик“ соопшти дека истечената радиоактивна вода "не претставува опасност за населението".
- Подзмените води се движат многу бавно - се наведува во соопштението на "Мозаик".
Меѓутоа, директорот на Центарот за биолошки диверзитет. Џеки Лопез вели дека „е тешко да се поверува во пораката дека јавноста не треба да биде загрижена“, особено што инциднетот се случил пред три недели и досега се држел во тајност.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS