mksqen

Повеќе земјотреси почувствувани во Скопје

Повеќе земјотреси почувствувани во Скопје

Типографија

Серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Скопското епицентрално подрачје утринава се регистрирани од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека два од земјотресите се почувствувани во Скопје и околината.

Првиот се случил во 6 часот и 58 минути со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес во 6 часот и 59 минути со јачина од 2,8 степени по Рихтер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје