mksqen

Повторно спречен обид за уништување на паркот во Тафталиџе

Повторно спречен обид за уништување на паркот во Тафталиџе

Типографија

Градежна механизација утрово се појавила кај паркот на улицата Букурешка во населбата Тафталиџе за да го подготвува теренот за изградба на зграда, но граѓаните повторно го спречиле уништувањето на нивното зеленило.

  • Багерите си отидоа и овојпат. Остануваме будни. Ви благодариме на сите што дојдовте и помогнавте и овојпат да не им дозволиме да почнат со уништување на нашиот парк и на нашите животи, како и на животите на нашите деца - порачаа од иницијативата „Зелено Тафталиџе“.

Инаку на местото треба да се гради зграда на државното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор. Градежната маркичка веќе била вцртана и за објектот била издадена градежна дозвола. Но локалните жители веќе трет пат ги спречуваат градежните екипи да почнат со работа и бараат промена на деталниот урбанистички план, за да се спаси зеленилото за кое што велат дека е единствено во нивното опкружување.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје