mksqen

Нула отпад ги награди училиштата од Карпош што собираа електронски и електричен отпад

Нула отпад ги награди училиштата од Карпош што собираа електронски и електричен отпад

Типографија

Еколошката организација „Нула отпад“ ги награди училиштата од општина Карпош што имаа собрано најмногу електричен и електронски отпад.

Првонаградено училиште во оваа акција е ООУ „Братство“ кое имаат собарно над еден тон отпад. Втората награда е за ООУ „Лазо Трповски“, додека ООУ „Димо Хаџи Димов“ е третонаградено. Телевизор, печатар и фрижидер се наградите кои им беа доделени на училиштата. Овие три училишта имаат собрано повеќе од половина од вкупниот отпад собран од десет основни училишта. Трите училишта заедно имаат собрано над 2,2 тона отпад, од вкупно собраните четири тона.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје