mksqen

Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром

Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром

Типографија

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ утре ќе реализира акција за собирање кабаст отпад.

Општина Аеродром информира дека граѓаните треба да внимаваат отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански во временски период од 7 до 9:30 часот.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје