mksqen

Порибени водите на реката Вардар

Порибени водите на реката Вардар

Типографија

Во водите на реката Вардар пуштени се 10 илјади парчиња македонска ендемична пастрмка.

Порибувањето е во организација на Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната  средина и просторно планирање.

Како што информираат од Град Скопје, проектот опфаќа порибување на водите на реките Вардар и Треска и езерото Матка и има за цел да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак.

Доколку ова не се направи, како што се наведува во соопштението, постои реална опасност засекогаш да се изгубат овие специфични видови риба, кои се наше природно богатство и наш симбол.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје