mksqen

Скопје доби изработена физибилити студија за пречистителна станица

Скопје доби изработена физибилити студија за пречистителна станица

Типографија

Скопје го доби документот на комплетната физибилити студија  за изградба на пречистителна станица за отпадни води.

  • Студијата има зацртано да постигне пет клучни цели: третман на водата што се испушта во реката Вардар по течението низ Скопје, предлог за одржлива пречистителна станица во согласност со европските директиви од оваа област, обезбедување на највисоко ниво според постојната технологија на целиот синџир на обработка вклучувајќи го и нивото на обновување на енергијата, во цената формирана во зависност од оваа инвестиција за жителите на главниот град, да се почитуваат можностите за придонес на граѓаните на Скопје кон формирањето на цената на водата и се предлага обемен финансиски модело за да се овозможи негово финансирање од меѓународни донатори - истакна францускиот амбасадор Кристиан Тимоние кој го предаде документот на градските власти.

Физибилити студијата ја изработи француската групација ЕЖИС, а со 700 илјади евра е финансирана од Франција.

Овој проект, како што оцени францускиот амбасадор, во поглед на билатералните односи е многу важен. Тој изрази надеж дека преку проектот француските експерти ќе ги споделат своите најнапредни искуства со македонските кадри од областа на технологијата и дека проектот ќе го отвори патот кон други партнерства. 

Тимоние на претставниците на македонските власти им ги предаде физибилити студијата, студијата за влијанието врз животната средина и финансиската студија. Целта на проектот е намалување на ризиците од загадување и подобрување на севкупната чистота на градот.    

Секретарот на Град Скопје Марјанчо Тодоровски истакна дека физибилити студијата за изградба на пречистителна станица  за отпадни води за Град Скопје е од особена важност за градот и еден од најголемите проекти. Градот Скопје, како што истакна, во изминатиот период работел на создавање услови за изградба на прелистителна станица. Доградени се 144 километри водоводна мрежа, 190 километри фекална канализација и над 170 километри атмосферска канализација, а преземени се и други мерки.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје