mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Гоу Грин порачаа да се излезе од кола

Гоу Грин порачаа да се излезе од кола

Типографија

Еколошката младинска организација ГоуГрин, поддржана од Националниот младински совет на Македонија, организираше акција за подигнување на свеста кај граѓаните за загадениот воздух и начините како секој поединец може да придонесе за почист воздух, во рамки на кампањата „Мрдни со прст“.

Во форма на алтернативен театар, активистите на Гоу Грин нашминкани во „зомбија“ шетаа низ скопските улици и им делеа садливи картички на возачите на автомобили со јасна порака дека секој има одговорност и можност да придонесе за почист воздух. Главна целна група на активистите беа возачите на автомобили.

  • Не треба да се заборави дека секој од нас има одговорност и секој ден треба да се преземаат мерки. Според испитување на јавното мислење спроведено во јануари 2017 година. граѓаните го перцепираат сообраќајот како еден од главните причинители за загадениот воздух. Сепак, граѓаните го одбираат автомобилот како превозно средство дури и кога имаат можност да бидат мобилни на поеколошки начин. Со оваа иницијатива сакаме да ги поттикнеме граѓаните да не ги користат толку често автомобилите, туку да одберат велосипед, автобус или да одат пешки -  изјави Марко Соколовски, организатор на акцијата.

Целта на кампањата „Мрдни со прст“ е подигнување на јавната свест за различните можности преку кои секој поединец може да придонесе во својата заедница.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје