Во текот на оваа година градските власти ќе постават подземни контејнери на нови 12 локации.
Планирано е во четири општини да се постават по три локации.
Подземните контејнери Град Скопје ги прави заедно со општината во која се инсталираат и со ЈП „Комунална хигиена“ при што секој плаќа по една третина од вредноста на овие контејнери.
Подземните контејнери како проект на Град Скопје и на скопските општини се покажале како добро решение за одложување на комуналниот отпад.
- Имаат подобар изглед, отпадот се одложува под земја, направен е добар систем на празнење и поради тоа ќе продолжиме и понатаму во сите општини да инсталираме подземни контејнери - вели скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Досега во Скопје се инсталирани подземни контејнери на 42 локации, од кои минатата година се поставени во општините Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир по три локации.