mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Од денес се укинува бесплатниот автобуски превоз

Од денес се укинува бесплатниот автобуски превоз

Типографија

Од денес се укинува бесплатниот превоз за сите граѓани во автобусите на ЈСП Скопје и кај приватните превозници и  ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања и за бремените жени.

Како што соопшти Град Скопје, во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.

Градот Скопје ќе продолжи со интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. Ќе се продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

Градските власти ќе го продолжат интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во нивна надлежност.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје