Продолжуваат градежните активности во рамки на мега проектот за изградба и реконструкција на велосипедските патеки „Скопје велоград 2017“.
Како што информира Град Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на повеќе локации за оформување и асфалтирање на велосипедските патеки во рамките на овој проект.
Деновиве интензивно се работи на изградба на велосипедските патеки од Рута 2 од „Скопје велоград 2017“, каде се врши асфалтирање на велосипедските патеки по должината на булеварот „Партизански одреди“, во делот од поликлиниката „Букурешт“ кон трговскиот центар „Сити мол“.
Рутата 2 е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите Февруарски поход, Видое Смилевски Бато, Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу, Кеј 13 Ноември, плоштадот Македонија, булеварот ВМРО и булеварот Партизански одреди до Порта Влае.