mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Електрични автобуси наместо трамвај во Скопје

Електрични автобуси наместо трамвај во Скопје

Типографија

Набавка на 50 нови електрични автобуси кои ќе бидат замена за трамвај во Скопје, е планот за наредниот период со кои ќе се намалат стакленичките гасови во градот.

Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на конференцијата  „Денови на енергетска ефикасност на Град Скопје-2016“ при презентацијата за достигнувањата на Градот во сферата на енергетската ефикасност.

  • Ние како Град Скопје ги следиме европските трендови и гледаме дека електричните автобуси стануваат составен дел на јавниот превоз во повеќе европски градови. Кога направивме математика еден од тие зглобни електрични автобуси чини околу 600 илјади евра. Ако ние купиме 24 такви ќе не чини околу 14 до 15 милиони евра што е многу голема разликата од 180 милиони евра колку што би чинел трамвајот - истакнува Трајановски.

Градоначалникот нагласи дека Скопје е еден од првите градови во Југоисточна Европа кој централно го регулира сообраќајот.

  • Тоа е Центрот за управување и контрола на сообраќајот кој Градот Скопје го чинеше три милиони денари. Со адаптивна контрола повеќе од 95 проценти од крсниците на градот се управуваат во еден Центар. Таа контрола придонесува за променливо зелено време и возилата помалку да се задржуваат на крстосниците - додава Трајановски.

На конференцијата беа доделени сертификати за енергетски советници на 10 ученици од ЕТУЦ „Михајло Пупин“ од Скопје, а свои презентации имаа неколку општини од Скопје за применети мерки за енергетска ефикасност.

Во рамките на Деновите на енергетска ефикасност, утре во хотел „Карпош“ ќе се одржи обука за ефикасна потрошувачка на енергија за раководните лица од објектите под ингеренција на Град Скопје, а во петок, на плоштадот Македонија ќе се организира Отворен ден за граѓаните на  Скопје, каде ќе биде лоциран инфо-пулт со информативни материјали со акцент на енергетска ефикасност на Град Скопје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје