Вкупно 7.126.810 денари е проценетата штета во скопската општина Ѓорче Петров, од поплавите кои во август годинава го зафатија подрачјето на главниот град.
Ова се резултатите на Комисијата за увид и проценка на штети од поплавите од општината Ѓорче Петров, која спровела теренска роверка од 10 до 15 август годинава. Комисијата извршила увид и изготвила записници по сите пријави за штети од граѓани доставени до архивата, заклучно со 15 август 2016 година.
- Излезено е на увид по 207 пријави. Изготвени се исто толку записници поткрепени со фотографии - информираат од општината Ѓорче Петров.
Штети од категоријата А или најтешко погодени семејства се 33, средно погодени семејства се 82, а од категорија Ц или полесно погодени семејства има 18. Без категорија или некатегоризирани по разни основи се 74 семејства.
Сите материјали од увидот се предадени во архивата на Владата на понатамошно одлучување.