Од денес до четврток (20 октомври) во кината Милениум, Фросина и Џепното кино на МКЦ ќе се одржи 7-то издание на ЕХО Фестивалот на планински филм.
За време на фестивалот ќе бидат проектирани 50-тина филмови од кои три македонски. Оваа година, како што најавуваат организаторите, ќе имаат и гости презентери од Финска, Словенија, Украина, Полска и Бугарија и неколку локални гости и презентации, како и изложба на фотографии.
Фестивалот оваа година ќе издаде два нови книги и тоа „Седмата оцена“ од Рајнолд Меснер и „Метафизика на врвот“ од Ферид Мухиќ.
Најдобрите апликации од конкурсот за планинска фотографија и најдоброто кратко видео ќе бидат изложени за време на фестивалот.