Во скопското село Никиштани, во општината Ѓорче Петров, се гради нова водоводна мрежа.
Жителите на Никиштани со овој проект ќе добијат стабилна водводна мрежа со која до секој дом ќе биде доставена чиста и питка вода за пиење.
Проектот „Изградба на дистрибутивна примарна и секундарна мрежа во должина од 3.304 метри и разделна шахта меѓу двата резервоара во село Никиштани“ е во реализација на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2016 година. За проектот издвоени се средства во висина од 3 милиони денари.
Дополнителните средства за реализација на проектот ги обезбедува општина Ѓорче Петров, а изведувач на градежните работи е „Транс мет“ од Скопје.