mksqen

Доделени наградите за најдобрите фотографии на фотоконкурсот на Екологист.мк

Доделени наградите за најдобрите фотографии на фотоконкурсот на Екологист.мк

Типографија

Од пристинатите вкупно 86 фотографии во категориите Ѕид на срамот и Куќа на славните, евалуацискиот тим на Екологист.мк ги избра шесте добитниците на вредносни ваучери од 200 евра, по тројца од секоја категорија.

Во „Куќа на славните“, каде што се прикажуваа добри практики во зачувувањето на животната средина, награди добија Горан Панзов за фотографијата од недопрената природа на планината Плачковица, Владимир Поповски за фотографијата самоиницијативноста на бегалците во кампот „Винојуг“ за раззеленување на својот простор, како и Маријола Андонова за фотографијата од Долината на кактусите во селото Клисура кај Демир Капија.

Во категоријата Ѕид на срамот наградите ги добија Александар Гавриловски за фотографијата од скопската котлина потоната во магла, Игор Брзанов за фотографираната еколошка некултура и Јелена Ранчиќ за фотографијата од непокорливата моќ на природата, без оглед колку човекот ја уништува.

Тимот на Екологист.мк им се заблагодарува на сите учесници во фотоконкурсот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.