mksqen

Повик за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“

Повик за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“

Типографија

Повик за доделување грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ финансиран од Европската Унија договор за грант број: ИПА/2015/370-710“

Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН од Скопје во соработка со Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ од Скопје, во рамките на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ поддржан од Европската Унија преку Инструментот за поддршка на граѓанското општество, Акција 2014 за градење на капацитети на граѓанските организации и слобода на медиумите објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за еколошки истражувачки стории во рамките на односниот проект.

Износот на финансиската поддршка е во максимален износ од  4 500 ЕУР во денарска вредност за секој доделен грант.

Предложениот буџет треба да ги покрие сите трошоци кои се директно поврзани со спроведување на планираните активности, вклучувајќи и плати, хонорари, патни трошоци, трошоци за канцелариско работење, за промоција и јавно застапување и сл.

Организациите кои ќе учествуваат на повикот треба да бидат регистрирани и да дејствуваат според Законот за здруженија и фондации на ниво на Република Македонија.

Заинтересираните организации кои ќе учествуваат на повикот треба да ги достават следните документи:

  1. Образец за пријавување (Прилог 1)
  2. Буџет (Прилог 2)
  3. Тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија – не постара од 6 месеци.
  4. Биографии на работниот тим во Europass формат;
  5. Биографија на организацијата (Мисија, визија, цели на организацијата претходно искуство на организацијата во сферата на  ширење на информации од областа на животната средина и маргиналните групи, и влијание во заедницата преку постигнување на промени согледани преку листа на реализирани проекти;
  6. Потпишан меморандум за соработка помеѓу граѓанската организација и медиум за потребите на повикот.

    Сите документи треба да бидат пополнети електронски и испечатени на хартија. Напишаните рачно нема да бидат земени предвид.

    Целосните пријави во оригинална форма испечатени на хартија во три примероци со оригинален потпис на овластеното лице и печат треба да се достават по пошта или доставени „на рака“ во канцеларијата на ФЛОРОЗОН во Скопје на улица  „Васил Ѓоргов“ број 11, 1000 Скопје со назнака: ЗА ПОВИКОТ ЗА ЕКОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЧКИ СТОРИИ најдоцна до 19.10.2016 година (среда) до 16 часот.

    Пријавите испратени по пошта ќе бидат земени предвид доколку се испратени во предвидениот рок за што ќе сведочи потврда за препорачана пратка или брза пошта.

    Крајниот рок за поднесување на пријавите  е 19.10.2016 година (среда) до 16 часот. 2016 година

    Повеќе информации може да се добијат од веб порталот www.florozon.org.mk или преку следните e – mail адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а документацијата поврзана со овој повик можете да ја симнете овде:
  1. Информација за јавноста и медиумите;
  2. Јавен повик за за финансиска поддршка;
  3. ПРИЛОГ 1 – Образец за пријавување;
  4. ПРИЛОГ 2 – Табела за буџет;
  5. ПРИЛОГ 3 – Резиме на проектот;
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.