mksqen

ДОМ бара еколошки закони во урбанизмот

Типографија

Зелената партија ДОМ предлага пакет закони во урбанизмот, за, како што наведуваат, промена на концептот во урбанизмот и градежништвото, за нормален живот на граѓаните, за задоволување на потребите за хумано, здраво и квалитетно живеење.

Станува збор за нови закони за просторно и урбано планирање, за градење, и за зеленило и закони за градски архитект.

  • Овие закони треба да се базираат врз урбанистички стандарди и нормативи кои водат сметка за намената на просторот, густината на населението, висината на објектите, зелени површини, проветрување, изложеност на сонце, проток на сообраќај и редица стручни параметри - велат од ДОМ.

Овој пакет закони во урбанизмот што ги предлага ДОМ, како што посочуваат, се дел од нивната програма и нивно барање за идната влада, да ги донесе во првите 100 дена од своето владеење.

Целта е, истакнуваат од ДОМ, да прекине хаосот што владее во урбанизмот, антиеколошки и антидемократски, воден исклучиво од бизнис интереси.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија