mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Од задутре нов влажен бран и ниски температури

Од задутре нов влажен бран и ниски температури

Типографија

Значителна промена на времето се очекува од вторник до крајот на наредната работна седмица, кога Македонија ќе потпадне под влијание на влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат поголема количина на воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На повеќе места во вторник и во среда процесите ќе бидат интензивни, проследени со обилни врнежи од дожд и во форма на невреме. Не е исклучена и појава на грмежи.

Поради зголемената облачност и северното воздушно струење, температурата на воздухот значително ќе опадне.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, како и да се преземат соодветни активности за заштита од поплави.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS