mksqen

АРМ ја минираше опасната карпа над Шипковица

АРМ ја минираше опасната карпа над Шипковица

Типографија

Припадниците на инженерскиот баталјон на Армијата на Република Македонија, денеска со контролирана експлозија ја уништија карпата која по големите поплави претставуваше закана за жителите на Шипковица и овој регион.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој присуствуваше на минирањето посочи дека по големите поплави минатата година и неодамнешните поплави беше утврдено дека пет големи карпи се опасни за жителите на селото и на околниот регион.

  • По рачното отстранување на големата карпа над селото и денешното минирање на четири дополнителни карпи, целосно ќе се отстрани опасноста по населението во овј регион. Со овие активности на Армијата, во голема мера го заштитува населението од природните непогоди и од можноста овие карпи да направат голема штета на селото Шипковица - додаде министерот Јолевски.

Заменик-командантот на Баталјонот, потполковникот Илчо Заковски, објасни дека се извршени подготовки за уривање на четири карпи, две под селото и две над селото Шипковица со вкупна големина од околу 300 кубни метри.

  • Беа изработени минерски бушотини, за двете карпи беше поставен 20 килограми експлозив и ќе се изврши нивно внатрешно уривање - додаде потполковникот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија