mksqen

Во Штип и во Карбинци рекорден број пожари на отворено

Во Штип и во Карбинци рекорден број пожари на отворено

Типографија

Рекорден број на интервенции имаат штипските пожарникари во текот на август, информира командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов, посочувајќи дека пожарникарите секојдневно гаснат по два или три пожари на запалени стрништа и на сува трева.

  • Август не е поминат, а веќе имаме 67 пожари. Апелираме повторно до земјоделците да не ги палат стрништата, бидејќи неконтролирано ги зафаќаат и другите земјоделски површини и шумски појаси - рече Ренџов.

Командирот на Противпожарната единица во Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека во текот на јули и август регистрирани се поголем број интервенции на отворено.

  • Во јуни имаме шест пријави за пожари, јули имаме некаде 12, а август имаме шест пријави на отворен простор. Материјални штети немаме од овие пожари на отворено - изјави Терзиќ.

Противпожарните единици од Штип и Пробиштип имаа едукативни кампањи и заедно со полициски службеници и претставници од ЈП „Македонски шуми“ беа на терен со цел да им укажат на земјоделците и на сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата во текот на летото.

Во Штип пред два дена поради запалена сува трева во опасност беа доведени куќи и викендици во населбите Пребег, Мерите и Рибник. a

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија