mksqen

Виница ќе гради акумулација и мини хидроцентрала на Градечка река

Типографија

За трајно решение за квалитетно водоснабдување на Виница и околните населени места Градец и Лески ќе се гради мини акумулација и мала хидроцентрала на Градечка река.

За оваа цел, Управниот одбор на ЈКП „Солидарност“ од Виница, информира директорот Игор Спасевски, донесе одлука за започнување на постапката по пат на јавно-приватно партнерство да се градат овие два капитални објекти.

Согласно проектната документација која општината Виница веќе ја подготви, приватниот инвеститор ќе треба да изгради цевковод во должина од 3.450 метри со што остатокот од водата од главниот цевковод ќе го транспортира до МХЕЦ Виница, додека со пластичен цевковод во должина од 90 метри ќе ја враќа водата во Градечка река.

Во втората фаза од овој проект инвеститорот ќе гради брана за акумулирање на доволни количества вода за да може хидроелектраната постојано да се снабдува.

  • Користа од оваа инвестиција за жителите од општината Виница ќе биде моше голем. Ќе се нормализира водоснабдувањето во градот и во населените места Градец и Лески, а површините кои се наводнуваат по течението на Градечка река ќе имаат доволно вода за наводнување - истакнуваат од општината Виница.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS