Ново комунално возило беше промовирано денеска во кругот на кавадаречкото јавно комунално претпријатие “Комуналец”.
Како што информираше директорот Илија Атанасов, за неколку години е извршена комплетна замена на возилата во застарениот возен парк, поради што сега подобро се извршува работата на претпријатието.
- Како и претходните години, продолжуваме со реализацијата на програмата за набавка на нови комунални возила. Конкретно денеска сакаме да го промовираме новото возило за износ на смет за износ на контејнери од 5 и 7 метри кубни. Вредноста на возилото е околу пет милиони денари - рече Атанасов.