mksqen

Во наредните денови врнежи и пониски температури

Во наредните денови врнежи и пониски температури

Типографија

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд силни електрични празнења и силен ветер.

Температурата ќе се движи од 24 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време со темепратура до 29 степени.

Во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. На повеќе места врнежите ќе бидат изобилни. Температурата на воздухот во вторник ќе биде за 10-тина степени пониска, а од четврток ќе има постепен пораст.

Oд УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија