mksqen

Кичево расчистено по вчерашното невреме

Кичево расчистено по вчерашното невреме

Типографија

Сите патни правци во Кичево се расчистени и проодни, по невремето што синоќа го зафати овој регион.

Комуналното претпријатие, како што соопштија од општината, интервенираше на улиците што беа полни со вода.

Според првичните информации, биле оштетени неколку куќи, а висината на штетата ќе се утврдува.

Поројниот дожд, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување на магистралниот пат Кичево-Охрид на местото викано „кај Млинот“ предизвика собирање на вода на места и до висина од половина метар, поради што сообраќајот беше пренасочен кон споредните улици.

Додаваат дека заедно со припадници на противпожарната единица со помош на пумпи е исцрпена водата и за краток временски период сообраќајот е нормализиран.

Според подрачното одделение на Дирекцијата поројниот дожд не предизвикал штети на други објекти освен на две возила кои биле заглавени во водата и биле брзо извлечени. Се работи на отстранување на насобраната кал на тој дел од сообраќајницата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија