mksqen

Водата во Тетово повторно чиста

Водата во Тетово повторно чиста

Типографија

Тетовци повторно имаат чиста вода за пиење откако во изминатите три дена таа беше заматена поради градежни работи што се изведуваа во близина на изворите. Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажале дека водата е исправна.

Инаку, во близина на изворот на Попова Шапка се изведуваат градежни работи за изградба на нов ски-лифт. Од Центарот за јавно здравје велат дека се најавени нови врнежи од дожд, што значи дека е можно мешање на атмосферската вода со изворската, па се апелира до граѓаните да бидат претпазливи при користењето на водата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS