mksqen
14
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Потпишан меморандум за соработка со УНДП

Типографија

Со задоволство ве информираме дека ЦЕД Флорозон, заедно со други граѓански организации посветени на заштитата на животната средина и човековите права, потпишаа Меморандум за соработка со УНДП, Народниот правобранител на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права.

Армен Григорјан, Постојаниот претставник на УНДП изјави „Ова ќе создаде трајна рамка за заедничко дејствување, споделување знаење и зајакнато застапување за човековите права во животната средина. Верувам дека граѓанските организации заедно со медиумите ќе бидат движечка сила кога станува збор за еколошката правда“.

На тркалезната маса „Зголемување на соработката помеѓу Народниот правобранител и граѓанските организации за еколошката правда“ која се одржа на 25 септември, Народниот правобранител, Зибери, истакна дека покрај практичните мерки, клучна улога во справувањето со еколошките предизвици мора да имаат и правните алатки.

Активноста е дел од проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“ кој е финансиран од Глобалната програма на УНДП за зајакнување на владеењето на правото, а го имплементира УНДП во соработка со Народниот правобранител на Северна Македонија, ОХЦХР и ГАНРИ.

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија