mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ФЛОРОЗОН

СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ФЛОРОЗОН

Типографија

Во вторник на 26 март, 2019 година, проектниот тим на ЦЕД Флорозон, при имлементацијата на на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда“, финансиран од Европската Унија, одржа средба со Комисијата за транспорт, врски и екологија, во Собранието на Република Северна Македониија, како релевантни чинители во одлучувачките процеси за еколошките политики.

Средбата ја водеше претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска, а присутни беа членовите: Костадин Ацевски, Мирослав Јовановиќ, Диме Велковски, Слаѓана Митовска, Никола Мицевски и Агим Муртезанов. Интерес за средбата пројави и пратеникот Стојан Миланов. Проектниот тим на ЦЕД Флорозон го сочинуваа: Кирил Ристовски, Билјана Матевска и Ангела Димеска.

Проектниот тим ја презентираше мисијата и целите на Центарот за Еколошка Демократија Флорозон,  фокусирајќи се на тековниот проект „Еднаков пристап за ефективна правда“ финансиран од Европската Унија.

Слика

На средбата беше истактната потребата за меѓусебна соработка, како при имплементација на тековните активности, така и за идната соработка при креирањето политики од областа на животната средина. Презентирани беа заклучоците од првата средба на Националното Координативно Тело, во рамки на горенаведениот проект и важноста на вмрежувањето и меѓу-секторската соработка помеѓу граѓанското општество и релевантните државни чинители.

На средбата се дискутираше за Законот за бесплатна правна помош, како постоечки механизам за пристап до еколошко право, како и предлог измени и дополнувања на работната верзија од истиот. Во тој контекст, истакната беше потребата од вклучување на областа на животната средина во опфатените области во Законот, како и инкорпорацијата на групни претставки во истиот, особено во полето на заштита на правото на здрава животна средина, без да се променат критериумите и третирање на секој член како физичко лице во веќе постоечките критериуми.

Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска и членовите Костадин Ацевски, Диме Велковски и Слаѓана Митовска, зедоа активно учество во дискусијата со свои мислења и предлози од кои произлегоа заклучоци за идно учество на Комисијата во Националното коориднативно тело и потенцијално организирање на јавна расправа, во која ќе биде вклучен тимот на ЦЕД Флорозон.



BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија