mksqen

Потпишан меморандум за соработка

Потпишан меморандум за соработка

Типографија

Центарот за еколошка демократија и претставниците на граѓанскиот организации кои се членки на Националната Хидро Мрежа денес  потпишаа меморандум за соработка со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Република Македонија. Потпишувањето на меморандумот се реализира како дел од тркалезната маса која беше организирана во рамките на проектот "Граѓаните како активен партнер во водните политики" финансиран од страна на Европската Унија. 

Со овој чин, се овозможува активна вклученост на граѓанскиот сектор во процесите на донесување на одлуки во областа на водните политики и за прв пат се укажува можноста за директна контрибуција на граѓанското општество  во работните сесии на РКЕ. Покрај ова, на тркалезната маса беше презентиран степенот на имплементација на проектните активности и се потенцираа остварените резултати и достигнувања. На тркалезната маса свои излагања имаа претседателот на РКЕ г-динот Марко Бислимовски, преставниците на министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, претставниците експертската јавност, јавните претпријатија и невладините организации. Како завршни активности во рамките на проектот, на прокетните учесници беа доделени сертификати за учество во реализацијата на проектот и беше организиран завршен промотивен настан на улица Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија