mksqen

И Македонија се поврзува со природата на Светскиот ден на животната средина

И Македонија се поврзува со природата на Светскиот ден на животната средина

Типографија

Под мотото Поврзување на луѓето со природата во Македонија се одбележа Светскиот ден на животната средина - 5 Јуни.

Канцеларијата за животна средина на Обединетите нации (UN Environment) во Скопје во соработка со Македонско еколошко друштво и Центарот за едукација и развој од Теарце со низа активности во Тетово го одбележаа Светскиот ден. За значењето на овој ден зборуваше претставничката на Канцеларијата за животна средина на ОН Соња Геберт.

  • Светскиот ден на животната средина е основан од Генералното Собрание на ОН во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот. Секоја година се бира тема за којашто се прават голем број настани од големи компании, невладини организации, заедници и влади насекаде во светот со цел да се подигне свеста за важни прашања од животната средина. Мотото оваа година е  - Поврзување на луѓето со природата. Оваа тема има за цел да не потсети да поминуваме повеќе време во природа, да ја почитуваме и славиме нејзината убавина и да се залагаме за заштита на планетата Земја бидејќи секое поинакво однесување кон природата предизвикува големи проблеми во животната средина. Единствен начин на кој може да опстанеме како човештво е одржлив економски развој  бидејќи очигледно е дека и најмалите промени како поратсотна темепературата во светот има големо некаде и уништувачко дејство врз околината, а со тоа и врз животот на луѓето и нивната сигурност околу исхраната - изјави Геберт.

Во рамките на активностите во Тетово беше организирана велосипедска тура низ градот на која учествуваа ученици од основни училишта, проекција на документарен филм за заштита на животната средина како и претставување на органските градини во основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово.

  • Двете органски градини во дворот од училиштето ги изработија нашите ученици во соработка со експерт преку Центарот за едукација и развој од Теарце. Во тек на цела измината недела учениците самостојно ги изработија градините за ароматични билки и цветната градина со употреба само на природни материјали, слама и ѓубриво без никакви хемиски додатоци и пестициди - рече заменик директорката на ОУ „Братство Миѓени“ Даниела Апостоловска.

Покрај активностите во Тетово Светскиот ден на животната средина во Скопје беше одбележан со зелено еколошко осветлување на зградата на шумарскиот факултет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија