mksqen

Македонски и бугарски земјоделци ќе станат нова генерација органски фармери

Македонски и бугарски земјоделци ќе станат нова генерација органски фармери

Типографија

Македонски и бугарски земјоделци преку обука учат за премин од традиционално кон сертифицирано органско производство на храна, во рамки на проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“, што здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка го имплементира со здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Бугарија.

Проектот се реализира со средства од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија.

  • Обуките на тема нова генерација органски производители следува по претходно имплементираното роад-шоу што караванот ЕГРИ-НИЕ го спроведе во неколку градови од пограничниот регион Бугарија-Македонија. Обуките ќе ги спроведат експерти од земјоделските факултет од Скопје и Софија, одговорни за сертифицирање на органски производители на храна - информира Андирана Ивановска-Давитковска, проект менаџер од ЕГРИ, Крива Паланка.

Учесници на обуките ќе бидат дваесет локални производители -земјоделци.

  • Тренингот ќе го проследат по десет земјоделци од двете страни на границата кои пројавија интерес за тоа и беа селектирани од страна на проектниот тим. Тема на обуката ќе биде „Премин од традиционално кон органско производство, сертификација и маркетинг на органски продукти - додава Ивановска-Давитковска.

Обуките ќе се спроведат во три дводневни сеси, по што ќе следи студиска посета на успешни органски фарми во регионот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија