mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Отворен конкурс за зелени бизнис идеи

Отворен конкурс за зелени бизнис идеи

Типографија

Здружението  за  социјални  иновации „АРНО“ распиша конкурс за  зелени бизнис идеи  кои  промовираат  традиционална  изработка  на производи кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар со најразлични зелени бизнис идеи, а победниците добиваат по 10 илјади долари за реализација на идејата во своите земји. Сите детали за конкурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk.

Според координатор на проектот Ирина Јаневска, важно е идејата  да  има  општествено  корисна  компонента и  бизнис  логика, а идеите  се оценуваат и во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата,  односно не и штетат.

Националните победници годинава ќе добијат и менторска поддршка од Асоцијацијата за менаџмент консалтинг МКА 2000 во вид на ваучери за користење сертифицирани консултантски услуги.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија