mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Изграден цевковод на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија

Изграден цевковод на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија

Типографија

Доводниот цевковод на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија, на потегот од автопатот до резервоарот на Мрзенски рид веќе е изграден, а потисниот цевковод е поставен од резервоарот до хотелот ,„Нар“.

  • Во состав на бунарскиот систем ќе изградиме и хлорна станица,од која водата ќе се транспортира до резервоарот преку потисниот цевковод со должина од 1.366 метри, а поврзувањето на резервоарот со постоечкиот цевковод ќе го направиме со изградба на нов доводоен цевковод со должина од 2.186 метри. Вкупната должина на новоизградениот потисен и доводен цевковод ќе изнесува 3.552 метри - објаснуваат претставници на изведувачот на проектот од бугарската фирма „Хидрострој“.

Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува повеќе од 105 милиони денари од кои најголемиот дел се средства обезбедени од Светска банка,а останатите од грант за подобрување на руралната инфраструктура и од буџетот на Република Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS