Општина Чешиново-Облешево како дел од мрежата на европски села на штркови потпиша договорот со германската фондација „Еуронатура“ за финансирање на проектот „Влажни ливади и пасишта“.
Станува збор за изградба на две набљудувачници кои ќе бидат изработени од дрвена конструкција. Тие ќе бидат поставени во близина на село Уларци и во паркот во Чешиново.
- По потпишувањето на договорот општината Чешиново-Облешево ќе споровде тендерска постапка за избор на најповолен изведувач, а со тоа се очекува и во најбрз рок да се започне со градежните активности. Набљудувачниците ќе придонесат за нормално следење на движењето, прирастот и местото на престој на штрковите во овој дел од Кочанската котлина - вели Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.
Како дел од Мрежата на европски села на штркот, општина Чешиново-Облешево секоја година во мај го одблежува доаѓањето на штрковите.