mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Еко акција на Елколект во Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце

Еко акција на Елколект во Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце

Типографија

Акција за ослободување од отпадни електрични и електронски апарати за жителите на општините Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце  до 28 јуни организира компанијата „Елколект“.

Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект во општините учествува во наградна игра „Да рециклираме и да се наградуваме“.

За наградната игра се обезбедени по пет награди за секоја општина и тоа ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон,  ДВД или тостер. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на „Елколект“ и на веб страната на општините.

Минатата година оваа еко акција беше реализирана во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.

Еко акцијата има за цел да се поттикнат граѓаните својот опасен отпад да го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS