mksqen

Во близина на Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна селекција на отпад

Во близина на Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна селекција на отпад

Типографија

Кај депониjата Алинци во општина Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна селекција на отпад, прва во Македонија, инвестиција во вредност од околу 60 милиони денари, која ќе овозможи и 100 нови вработувања.

  • Фабриката се планира да прерасне во модерен комплекс поврзан со заштита на животната среднина кој ќе овозможи селекција на отпадот, подобрување на еколошките аспекти на целиот регион како и нови вработувања - информираат од општина Прилеп.

Линијата за секундарна селекција на отпадот ЈКП „Комуналец“ од Прилеп ја набави уште во 2013 година и е со капацитет за преработка на 150 тони отпад во текот на 24 часа.

Во општина Прилеп  во просек се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот за потребите на линијата ќе се надополнуваат со селекција на отпадот од депонијата Алинци.

Покрај халата ќе се гради и големо плато за сместување на рециклирачките материјали. Планирано е во оваа фабрика да се преработи целото ѓубре од депонијата и за пет до шест години депонијата да биде целосно затворена и рекултивирана.

По завршување на оваа инвестиција, кај депонија треба да почне и изградбата на компостара за биоразградлив отпад каде ќе се произведува компост. Според плановите, овој проект треба да се реализира до крајот на 2018 година.

За реализација на овие две инвестиции, изградба на халата за селекција и изградба на компостарата, ЈКП „Комуналец“ откупи приватно земјиште до депонијата во висина од 3,5 милиони денари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија