mksqen

Охридски комуналец ќе произведува био-гориво

Охридски комуналец ќе произведува био-гориво

Типографија

Јавното општинско претпријатие „Охридски комуналец“ ќе добие средства во износ од 600 илјади евра од ИПА фондовите за развој на Европската унија наменети за добивање био-гориво преку воведување соодветни методи за третман на отпад.

Станува збор за проект што Општина Охрид го реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, поточно Општината Лагадос, Државниот технички универзитет во Атина, Централниот сојуз на општини во Грција и Факулетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.

Средствата за проектот се обезбедени преку конкурс за финансирање прекугранични проекти од ИПА 2 фондовите за развој предвидени за периодот од 2014 до 2020 година.

Оценка на локалните власти во Охрид е дека обезбедувањето законски и финансиски услови за одржливо управување со отпадот и третман на истиот ќе доведе до успешен економски развој на јавното претпријатие и намалување на дивите депонии во охридскиот регион.

  • Ваквите активности ќе доведат до заштеда на енергија, бидејќи конвертирањето на био-отпадот во био-гориво ќе генерира одреден процент од вкупното количество на енергија што се троши за преработка на отпадот - се наведува во соопштението на Општина Охрид.
     
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија