mksqen

Анкета: Свеста за селектирање отпад висока, нема доволно контејнери

Анкета: Свеста за селектирање отпад висока, нема доволно контејнери

Типографија

Речиси 90 отсто од граѓаните би го селектирале отпадот ако во близина на нивните домови има специјализирани контејнери за оваа намена, покажа истражувањето на Пакомак.

Младите помалку обрнуваат внимание на селектирањето отпад, а родителите постари од 30 години селектираат најмногу, и тоа со своите деца кои во просек имаат 7 до 13 години.

Анектата е спроведена во февруари годинава во Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Тетово, Штип и Охрид, а со неа се опфатени 1.000 испитаници од различни старосни групи. Генерален е заклучокот, соопшти Пакомак, дека недоволниот број контејнери е главна причина за недоволното селектирање и рециклирање отпад.

  • Истражувањето покажа дека граѓаните во поголемите градови имаат релативно висока свест и развиени навики за селетирање отпад. Вкупно 33,9 отсто од нив редовно или често селектираат барем еден вид отпад. Сепак, Битола и Скопје предничат и се двата града каде статистички граѓаните повеќе селектираат во споредба со другите, информира Пакомак.

Вкупно 66 отсто од анкетираните изјавиле дека главна причина за неселектирањето отпад е немањето доволно контејнери, а само 11 проценти сметаат дека е во прашање немањето навика или свест.

  • Ова упатува на заклучок дека обемот на селектирање и рециклирање може значително да се зголеми со бројот на кантите, односно достапноста. Оттаму, инвестициите во поголема достапност на канти, како и олеснувањето на самиот процес ќе донесе и зголемување на обемот на собраниот селектиран отпад - укажуваат од Пакомак.

Според анкетата, само 17 отсто од испитаниците рекле дека во близина на својот дом имаат контејнери за селектиран отпад.

Во земјите од ЕУ кои имаат висока стапка на рециклирање отпад,  сет контејнери за селекција (жолт, син, зелен) опслужуваат 200 до 500 жители, зависно дали средината е урбана или рурална. Тоа, според Пакомак, би значело дека во Македонија се потребни најмалку четири илјади локации за селекција или вкупно 12 илјади контејнери за да може селективно да се одложува отпадот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија