Загрижувачка станува појавата на пожари, како на отворен простор така и на објекти, на територијата на Општина Дебар и околината.
Според Командирот на Територијалната противпожарна единица, Џетан Мифтароски, само во првите четири дена од овој месец регистрирани се десет пожари.
Според Мифтароски од почетокот на годинава евидентирани се 46 интервенции, од нив над 30 отсто на отворен простор. Лани за цела календарска година имале 88 интервенции.
Поради зачестените пожари и од ТППЕ и од Регионалниот Центар за управување со кризи, апелираат до сите граѓани, земјоделци и сопственици на шуми да бидат многу внимателни при престојот во природа или чистење на стрништа на нивните земјодеслки површини.