mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Нивото на Охридско Езеро девет сантиметри над дозволениот минимум

Нивото на Охридско Езеро девет сантиметри над дозволениот минимум

Типографија

Нивото на Охридско Езеро е девет сантиметри над дозволениот минимум, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурата на водата изменера утринава на природните езера изнесува 12,4 степени на Дојранско Езеро, 10 степени на Охридско Езеро и 8,5 степени на Преспанско Езеро.

Според неделната хидролошка состојба, водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун, се под просекот за март.

Драстично пониско е нивото на Црн Дрим кај Ложани, се движи меѓу 36 и 40 сантиметри наспроти мартовскиот просек од 127 сантиметри и на Вардар кај Јегуновце, каде се движи меѓу 48 и 54 сантиметри наспроти мартовскиот просек од 103 сантиметри покажуваат податоците за водостоите измерени изутрина.

Од УХМР појаснуваат дека дното на реките е променливо и тоа се менува во зависност од брзината на течењето на водата, па така кога коритото е продлабочено можно е водостојот да е релативно низок, но протекувањата да бидат нормални за тој период од годината и обратно при насипување можно е водостојот да изгледа релативно висок, но протекувањата да бидат под просекот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS